Украина ја елиминираше Шведска од натамошното натпреварување на ЕП во фудбал, откако постигнаа гол во 121-та минута од натпреварот, односно во судиското надополнување од продолженијата преку резервистот Артем Довбик.

Со тоа Украинците победија со 2-1 на натпреварот и за прв пат изборија учество во четврт-финалето на ЕП.

Претходно Александар Зинченко го отвори резултатот во 27-та минута, а Емил Форсберг изедначи во 43-та минута. Шведска од 98-та минута во продоженијата остана со десетмина фудбалери на теренот откако Маркус Даниелсон беше исклучен поради остар старт.

Во осминафиналето, Украина игра со Англија во Рим.