Украинскиот парламент денеска донесе одлука за продолжување на вонредната состојба и мобилизацијата, кои беа воведени по руската инвазија, за дополнителни 90 дена или до средината на мај.

Според неколку членови на парламентот, двотретинско мнозинство гласало за двата нацрт-закони претставени од претседателот Володимир Зеленски. Суспендирано е и одржувањето на редовните парламентарни и претседателски избори.

Украина речиси две години се брани од руската инвазија, а вонредната состојба им дава приоритет на армијата и воената влада. Мажите на возраст меѓу 18 и 60 години кои се подобни за воена служба можат да ја напуштат земјата само во исклучителни случаи.