Сè додека не добиеме целото оружје, додека не ја зајакнеме нашата позиција и додека не ги потиснеме руските сили што подалеку од границите на Украина, нема смисла да водиме преговори, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.
Неговата изјава уследи по вчерашната понуда за посредување од претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој предупреди дека не треба „да се понижува Москва“, со цел да се изнајде дипломатско решение за војната во Украина.
Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба на Твитер објави дека таквите понуди „можат да ја поништат само Франција и која било друга земја која ќе понуди такво нешто“.
– Русија се понижува себеси и ќе биде подобро сите да се фокусираме на тоа како да ја ставиме Русија на нејзино место. Тоа ќе ни донесе мир и ќе спаси животи, истакна Кулеба.