Судот во Киев му нареди на Националното биро против корупција да отвори предмети против поранешниот претседател Петро Порошенко и поранешниот министер за надворешни работи Павел Климкин заради злоупотреба на службената положба.
Украинските медиуми наведуваат дека името на подносителот на барањето за отворање на постапките не се наведува, но се даваат детали дека лицето предало пријава за кривични дела сторени од Порошенко и Климки, јави Тасс.
Барањето е поднесено на 15 јули , а судот на 15 август наредил да се почне постапката.
Против Порошенко во моментов се водат повеќе постапки, вклучувајќи и такви за велепредавство, перење пари и избегнување даноци…