Воениот конфликт во Украина, се испостави, придонесува за развојот на ЛГБТ заедницата во земјата, пишува Политико.
Припадниците на ЛГБТ заедницата преминаа во редовите на украинските вооружени сили, а на униформите носат грб со ликот на еднорог, кој се наоѓа директно под националното знаме на земјата. Во специјален таканаречен геј баталјон и служат на татковината, пишува Политико.
На 7 март, во процедура која би била речиси незамислива пред една година, украински пратеник предложи закон до парламентот на земјата со кој на истополовите двојки ќе им се даваат права на партнерство. Овој закон, заедно со ненадејната забрана за говор на омраза против ЛГБТ, воведена минатиот декември, ја одразува подготвеноста на Киев да ги прифати таканаречените западни вредности, се надоврзува изданието.
Вооружените сили на Украина сега имаат повеќе ЛГБТ војници од кога било досега, а нивните приказни имаат широка публика благодарение на социјалните мрежи од украинската група ЛГБТ и Армијата, како и од украинските медиуми кои го истакнуваат придонесот на геј војниците во вооружените конфликт со Русија, информира списанието.
Грб со еднорог се појави на униформата на претставниците на ЛГБТ заедницата во редовите на украинската армија, напиша Брајтбарт минатото лето. Овој знак треба да послужи како одговор на руската реторика за денацификација и отсуството на хомосексуалци во вооружените сили на територијата на поранешниот Советски Сојуз.
Грбот на еднорог се здоби со популарност меѓу ЛГБТ заедницата во Украина откако Русија го анектираше Крим во 2014 година. Бидејќи во редовите на вооружените сили наводно немало претставници на сексуалните малцинства, хомосексуалците го избрале ова митско суштество за свој симбол.
Минатото лето, германскиот весник Дојче веле објави дека во 2018 година, многу украински војници почнале да заминуваат, вклучително и оние распоредени на истокот на земјата за да се борат против сепаратистите поддржани од Русија. Уште тогаш, претставниците на ЛГБТ заедницата во редовите на украинската армија веруваа дека отворената изјава за нивната ориентација може да помогне во борбата против руската пропаганда дека со Киев владеат фашисти.