Украинската влада се повлече од договорот со Владата на Русија за научна и економска соработка во областа на атомската енергија, изјави претставник на украинската влада.
Договорот меѓу владите на Украина и Русија за научна и економска соработка во областа на атомската енергија, потпишан на 14 јануари 1993 година во Москва, е поништен“, изјави Мелничук на својот канал Телеграм, пренесува ТАС С.
Министерството за финансии на Русија на 23 август објави дека Киев се повлекува од овој договор со Русија со цел да избегне двојно оданочување на приходите и имотот и да спречи даночно затајување.
Украинската влада, исто така, откажа неколку меѓудржавни договори со Белорусија, вклучително и договори за копнена пловидба, за соработка меѓу компании во воено-одбранбениот сектор и за соработка меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји.