Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави дека руските сили извршиле ракетен напад врз украинскиот град Харков како одговор на утринскиот напад со беспилотни летала врз Грозни, главниот град на Чеченија.
Според информациите на украинските власти, во Харковската област е забележана ракета во движење, која набрзо паднала во близина на станбена зграда. Во нападот е повредена 48-годишна жена, а околните згради претрпеле мала материјална штета, пишува Украинска правда.
Кадиров изјави дека ова е одмазда за нападите утринава врз Грозни. Според него, три дронови го гаѓале градот. Според него, два дронови биле соборени, додека третиот паднал на просторот на базата каде што се наоѓа мобилната единица за специјални намени (ОМОН).
„На секој обид за напад на нашите објекти ќе треба да одговориме со попрецизни и поостри удари. Денеска добив разузнавање од нашите офицери за присуство на голем број украински ‘фашисти’ на одредени локации. Во 12:00 часот руските воздушни сили извршија два ракетни напади со ракети ‚Искандер’ врз еден од тие објекти во Харков“, рече Кадиров.
Руските власти сѐ уште официјално не го коментирале овој напад, додека украинската страна допрва треба да го потврди степенот на штетата и можните жртви. Тензиите меѓу Украина и Русија продолжуваат да ескалираат додека двете страни разменуваат обвинувања за напади врз клучни објекти.
Close up of the Ukrainian drone hitting Grozny this morning.
According to Telegram channel Niysoo an OMON base was struck. pic.twitter.com/4G0JYQePlP
— (((Tendar))) (@Tendar) December 15, 2024
Инаку во главниот град на Чеченската Република, Грозни, утрово одекнале четири експлозии, посведочи локалното население кое наведува дека се работи за напад со украински беспилотни летала.
Очевидци тврдат дека слушнале звуци од експлозии околу 7.45 часот по локално време, наведувајќи дека пред детонациите во блиското село се слушале звуци карактеристични за дронови, пренесува руска Газета.
„Прелиминарно може да се каже дека се работи за напад со дронови“, се наведува во соопштението на локалните власти во кое се прецизира дека во градот се регистрирани четири експлозии.
An Ukrainian E-300 UAV struck Grozny, Chechnya, this morning. pic.twitter.com/2bqW16mGOH
— (((Tendar))) (@Tendar) December 15, 2024
Потврдено е и дека локалната полиција отворила оган врз дронови насочени кон полициската станица
Се појави и видео за кое се тврди дека го покажува моментот кога дронот удрил во базата во интервентната полициска база (ОМОН) и се наведува дека се работи за беспилотно летало Е-300.