Украинското разузнавање тврди дека уништило руски ракетен систем на Крим. Скај њуз потврди дека фотографиите од експлозијата од местото на несреќата се автентични и дека се од селото Оленивка на ртот Тарханкут на Крим.

Во нападот е уништен рускиот противвоздушен ракетен систем С-400 „Триумф“ со долг и среден дострел, соопшти украинската разузнавачката служба.

„Како резултат на експлозијата целосно се уништени самата инсталација, ракетите поставени на неа и персоналот. Нападот му зададе „болен удар на системот за воздушна одбрана на окупаторот, што ќе има сериозно влијание врз понатамошниот развој на окупираниот Крим“ – стои во известувањето од украинската разузнавачка служба.