И покрај еднострано прогласеното 36-часовно примирје, руските сили продолжија со нападите и во изминатите 24 часа пријавени се напади врз цивили во најмалку седум региони во источна и јужна Украина, при што загинаа најмалку три лица, а повредени се 14 луѓе, тврди украинската страна.
– Руските војници го гранатираа јужниот дел на Херсон 39 пати во текот на изминатиот ден, а на мета беа станбени згради и зградата на противпожарната станица во ослободениот Херсон, изјави гувернерот Јарослав Јанушевич.
Гувернерот Павло Кириленко изјави дека тројца цивили биле убиени.
Руското Министерство за одбрана објави дека руските сили возвратиле само кога украинските војници пукале кон нив.
Кремљ ја обвини Украина за гранатирање на цивилни области за време на прекинот на огнот прогласен од Русија. Исто така, се тврди дека Москва одбила четири напади на украинските сили во последните 24 часа.