Руските проектили се „опасно блиску“ до предизвикување „нуклеарна катастрофа“ откако за малку не ја погодија електраната во јужна Украина, соопшти украинскиот оператор „Енергоатом“.
ЕнергоАтом соопшти дека откриле две крстаречки проектили во непосредна близина на нуклеарна централа во јужна Украина. Тие велат дека проектилите летале околу 8:30 часот.
Компанијата ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ги преземе „сите можни мерки за запирање на рускиот нуклеарен тероризам“.
„Воздушниот објект се движеше по реката Јужна Буг во правец на градот Первомаиск, регионот на Миколаев, и леташе опасно блиску до нуклеарниот капацитет“, се вели во соопштението.
„Заканата од удар на реактор со можни последици – нуклеарна катастрофа – повторно беше голема“, се додава во соопштението.