Британско-американската консултантска компанија Wealth-X анализира дека еден од највисоките темпа на раст на број на милионери во светот ќе има Украина. Според нив, Украина завршува со списокот од 10 држави со висок процент на зголемување на милионери во идните пет години.

Аналитичарите очекуваат дека до 2023 година бројот на физички лица со ликвидни активи од еден до 30 милиони долари во Украина ќе се зголеми за 9,2 отсто.

Лидер во таа прогноза е Нигерија каде предвидуваат зголемување на милионерите за 16,3 отсто. На второ место е Египет со 12,5 отсто. „Тројката“ ја затвора Бангладеш со 11,4 отсто каде според Светска банка една четвртина од населението живее под прагот на сиромаштијата.

Во 2018 година во светот се појавиле нови 400.000 милионери. На тој начин денес во светот живеат 22,4 милиони луѓе на чии сметки има меѓу еден и 30 милиони долари. Тоа е речиси два отсто повеќе отколку во 2017 година.