Во пристаништето Одеса пристигна американски ракетен разорувач „Рос“, што е 13 пат воени бродови на НАТО да впловуваат во Црно Море.
„Рос“ е стара верзија на бродот од типот „Арли Берк“. Тој е произведен во бродоградилиштето „Инглс шипбилдингс“ во 1996 година и е предаден на морнаричката база „Норфолк“.
Бродот „Рос“ минатата недела беше во пристаништето Констанца во Романија.
„Рос“ е со должина од 154 метри, ширина – 20 и тежина 8.775 тони.
Бродот е вооружен со различни типови оружје, вклучиелно и противбродски ракети „Гарпун“, а има и 90 лансирни рампи, меѓу кои и за „Томахавк“.