Володимир Кудрики, шеф на украинската Укренерго, изјави дека Украина заработила речиси 20 милиони долари од продажба на електрична енергија на Европската унија, а се очекува тој број значително да се зголеми во наредните месеци.
– Приходот од извоз што го имавме со капацитет од 100 MW во првиот месец ни донесе повеќе од 700 милиони гривни, рече тој.