Истражителите заклучиле дека возот што вчера се запалил во најдолгиот тунел во Русија бил кренат во воздух од неидентификувани лица во „терористички чин“, објави денеска весникот Комерсант.
Украински извор за Ројтерс вчера изјави дека Службата за безбедност на Украина (СБУ) активирала експлозив во железнички тунел во Сибир затоа што Русија ја користи рутата за воени снабдувања.
Комерсант се повикувал на неименувани извори дека е отворена кривична истрага за инцидентот во тунелот Северомујски во регионот Бурјатија, кој граничи со Монголија. Тунелот на делницата Бајкал-Амур, долг 15,3 километри, е најдолгиот во Русија, не сметајќи ги тунелите на градското метро. Прелиминарните наоди сугерираат дека под возот бил поставен експлозив, цитира извор од Комерсант. Немало жртви.
Russian Telegram channels report that on November 30, saboteurs blew up a freight train in Buryatia at the Itykit-Okusikan crossing, which consisted of 50 train cars, including 41 tank cars with diesel and 3 tank cars with aviation fuel.
Further transportation of the cars is… https://t.co/d4icUgMZi4 pic.twitter.com/8rqlkALnQl
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) December 1, 2023
Како што војната на Москва во Украина се вжештува, Киев се обидува да ја наруши руската воена машинерија, откако нејзината контраофанзива постигна само скромен успех и сега на некои места се најде во дефанзива.
Таквиот напад, на повеќе од 4.000 километри од Украина, ја илустрира подготвеноста на Киев да саботира длабоко во Русија.
Од Ројтерс не можеле самостојно да потврдат дали железничката рута се користела за воени цели. Руските железници соопштија дека возот бил запрен кога бил забележан чад од резервоарот за дизел. Било кажано дека железничкиот сообраќај бил пренасочен, што малку го зголемило времето на патување, но транспортот не бил во прекин.