Украинските сили вчера по речиси девет месеци руска окупација влегоа во главниот град на Херсонската област, а граѓаните ги пречекаа со ентузијазам, веејќи украински знамиња.

Враќањето на украинските војници во Херсон е историски ден рече претседателот Зеленски а честитки до Киев упатија САД и ВЕлика Британија, коментирајки дека „повлекувањето е јавно признавање на тешкотиите со кои се конфронтирани руските воени сили на западниот брег на реката Днепар.

Русија е земја што ги враќа и веќе вратила руски територии, а не обратно истскна заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. . Русија гради еднаков светски поредок за иднината и сама се бори против Западот, додека ги штити своите граѓани и ги враќа своите територи. Се во свое време напишта некогашниот шеф на Кремљ на Телеграм.

Турскиот претседател пак оцени дека Западот предводен од САД „безгранично ја провоцираат и напаѓаат Москва , и порача дека Анкара ке продолжи со обидите по пат на мировни преговори да се стави крај на судрите во Украина. Киев и Моксва велат дека не отфлаат преговори,но твдрат дека нема услови за нив.

Руските војници се повлекоа од градот Херсон, но остана дилемата дали тоа е само стратегија или украинска победа. Руските војници се позиционирани на левиот брег на Днепар а за админситративна престолнина на Херсонскиот регион кој е делумно контролиран од Русија привремено ке биде пристанишниот град Геническ, лоциран многу блиску до границата со Крим и е оддалечен околу 200 километри од градот Херсон .

Херсон беше првиот голем урбан центар што руските сили го освоија по нападот врз Украина на 24 февруари, кој Москва го нарече „специјална воена операција“.

Шефот на укрианската диплоамтија на самитот на Асоцијацата на земјите од Југоисточна Азија , ја ја обвини Москва дека игра „игри со глад” со светот, бидејќи почнала да ги одложува испораките на украинско жито од украинските пристаништа на Црното море .

„Ги повикувам сите членки на АСЕАН (Асоцијација на нации од Југоисточна Азија) да ги преземат сите можни мерки за да ја спречат Русија да игра „игри со глад“ со светот. Коридорот за жито треба да биде изземен од конфликтот. Што и да се случи на бојното поле, Русија не треба да го користи овој коридор како уцена, како потпора во меѓународните односи“ истакна Клуеба.

Кулеба ги повика и земјите од југоисточна Азија политички и материјално да ја поддржат Украина.