Советникот на украинскиот министер за надворешни работи, Антон Герашченко на Твитер објави разорни снимки од Буча, град во близина на Киев.
-Буча пред еден месец беше преубаво, модерно предградие на Киев. Буча денес – бомбардирани и запалени куќи, ограбени до последна лажица или срамнети со земја, млади семејства убиени, исчезнати мажи, силувани жени, напиша тој на Твитер.
Градот беше ослободен од украинските сили. АФП јавува дека во една улица биле пронајдени тела на најмалку 20 мажи во цивилна облека, а на еден од нив му биле врзани рацете.