„Во текот на ноќта нападнавме неколку напредни руски системи за воздушна одбрана низ Крим“, соопшти денеска украинската армија.
„Украина успешно нападна еден руски противвоздушен ракетен систем С-400 во близина на Јанкој, како и два непријателски противвоздушни ракетни системи С-300 во близина на Чорноморск и Евпаторија“, објави Генералштабот, според Newsweek.
Армијата додава дека во нападите била оштетена радарската опрема, која е клучен дел од системот. Еден од влијателните руски воени блогери, Рибар, изјави денеска дека украинските сили го нападнале Крим во текот на ноќта со најмалку 12 американски ракети со долг дострел АТАКМС.
Независниот руски медиум Астра објави дека биле истрелани најмалку 10 ракети АТАКМС, при што биле оштетени два системи С-300 и четири радари низ полуостровот. „Четири проектили го погодија Јанкој, а други четири ја погодија областа околу воздухопловната база Саки, југоисточно од Евпаторија“, вели Астра. „Два проектили погодија во близина на Хромово, село јужно од Чорноморск“, додава тој.
Overnight, Ukrainian defense forces carried out a successful missile strike against russian air defense systems in temporarily occupied Crimea, @GeneralStaffUA reports.
One S-400 division in the Dzhankoi area and two S-300 divisions near Chornomorske and Yevpatoria were struck.… pic.twitter.com/zNvcIWm85Y
— Defense of Ukraine (@DefenceU) June 10, 2024
Киев постојано го гаѓаше Јанкој, клучен железнички и патен центар за руските сили на Крим и дом на еден од најголемите руски воени аеродроми. Украинската воена разузнавачка агенција ГУР во средината на април соопшти дека оштетила или уништила четири системи С-400 во Јанкој.