Украинската пратеничка Кира Рудик денеска за Sky News изјави дека се надева дека Русија ќе стане изолирана како Северна Кореја – „дека никој нема да сака да ѝ помогне“.
„Кога ќе дојде војна, тоа е многу црно-бело. Има луѓе кои му помагаат на вашиот непријател, помагаат на вашиот народ да умре и уништуваат сѐ што сте сакале или некогаш сте сакале. Од друга страна, има и такви кои ви помагаат да преживеете“, рече Рудик.
„Затоа сме преплашени. Ние сме многу лути и сакаме да се воведат санкции за сите што ја поддржуваат Русија. Сакаме Русија да стане новата Северна Кореја – никој да не ѝ помага. Никој да не комуницира со неа. На тој начин тие ќе можат да најдат сојузници само во рамките на нивниот сопствен режим“, додаде таа.
“There are people that will help your enemies to kill you”
Ukrainian MP Kira Rudik responds to reports that Iran has sent ammunition to Russiahttps://t.co/X3flQUBL0r
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/WB5bXi3lhO
— Sky News (@SkyNews) March 9, 2023