Украинската Влада денеска ги повика преостанатите жители на Бахмут да го напуштат градот, за кој со месеци се водат жестоки битки.
– Ако сте разумни, граѓани кои го почитуваат законот и патриоти, мора веднаш да го напуштите (Бахмут), им порача украинската вицепремиерката Ирина Верешчук на останатите неколку илјади луѓе во Бахмут.
Претходно, украинската Влада објави дека во Бахмут загинале пет цивили, а девет се повредени.
Бахмут, град во источниот регион Доњецк, пред војната имаше 70.000 жители, а според Верешчук сега во градот се останати околу 6.000 жители.