Станислав Бофданович (27), кој е украински шампион во шах и неговата девојка Александра Вернигора, која исто така е врна шахистка, се отруени во стан во Москва за кој се испостави дека е „гас за смеење“ (нитрат оксид).
Смртта кај Богданович и Вернигора, која настапила со вдишување на гасот за смеење од балони, ја констатираа руски истражители кои додадоа дека немало знаци на борба на нивни тела.
Богданович е велемајстор од Одеса кој победил на многу турнири. Во 2015 година беше осми во светот во брзопотезен шах. Вернигора, пак, беше професионална шахистка и стидентка на Универзитетот во Москва.
Нитрат оксид за првпат се користеше како анестетик во 1844 година, но сега се користи и како средство за рекреација што се поврзува со голем број на смртни случаи. Меѓу другото може да предизвика отежнато дишење, забрзана работа на срцето и изгореници.