Украинските поморски сили денеска нападнале брод на руската воена флота во Црното Море на анектираниот полуостров Крим, објави Министерството за одбрана на Украина на социјалната мрежа Х.
Според објавата, погоден е рускиот спасувачки брод „Комуна“, кој е надвор од функција, но се уште се проверува „природата на штетата“.
„Комуна“ е брод за спасување на отворено море, на потонати подморници или изгубен товар. Станува збор за еден од најстарите руски воени бродови што се уште е во функција. Бродот, кој почнал да плови во 1915 година и учествувал во двете светски војни, е најстариот воен брод во свето што сè уште е во служба.
Портпаролот на украинската морнарица Дмитро Плетенчук изјави дека не ја знае точната природа на штетата предизвикана од нападот, но дека бродот „повеќе не е способен да ги извршува своите задачи“.
– Ова ќе продолжи додека Русите не останат без бродови или не го напуштат Крим, додаде Плетенчук.
Гувернерот на Севастопол, назначен од Русија, Михаил Развозаев, претходно денеска изјави дека руската војска „одбила ракетен напад на брод во главниот пристанишен град на Крим.
Тој не го прецизираше името на нападнатиот брод, но рече дека бил предизвикан мал пожар кој брзо бил изгаснат.