Првите руски воени единици навлегоа во Киев, соопшти украинското Министерство за одбрана.
Руски саботери веќе бие забележани во областа Оболон на север во главниот град, објави Министерството преку Фејсбук. Информацијата се уште не е потврдена од независни извори.
Министерството упати повик до локалното население да подготви Молотови коктели за да дејствува доколку има потреба ксако и да пријави до надлежните какво било прусуство на руска воена техника.
Истовремено се повикува населението да не ги напушта своите домови, стои во соопштението од Министерството.