Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, изјави дека контраофанзивата на украинските сили, соочена со отпорот на руските сили, „не напредува толку брзо“.
Контраофанзивата не напредува толку брзо. Кога ќе видиме дека нешто не оди како што треба, треба да го кажеме тоа. Никој нема да ја разубави ситуацијата“, вели Јермак.
Тој додаде дека западните сојузници не вршат никаков притисок врз Киев по ова прашање, туку само прашуваат како можат да помогнат.
Целиот свет знае дека е невозможно да се изврши притисок врз Украина. Украина нема да преговара со Русија додека нејзините војници не ја напуштат украинската територија, порача Јермак, кој важи за десна рака на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Тој додаде дека тоа е нивен јасно искажан став.
Нашиот став е јасен. За такви преговори евентуално е можно да размислуваме откако руските сили ќе се повлечат од нашата територија. Цел свет знае дека нема да разговараме со Русите пред тоа, порача Јермак.