Новогодишното украсување можеше да биде кобно за едно девојче од Струга. Додека било фотографирано со семејството во металната конструкција „2024“ во центарот на градот, девојчето ја ставило раката на еден од металните броеви. Во тој момент добило струен удар, но за среќа без посериозни последици, јавува ВОКС Струга.
Според таткото на девојчето, ударот можел да биде фатален. Случајот е пријавен во полиција.
Полицијата заедно со екипи на ЕВН излегоа на терен и докажаа дека во металната конструкција има електрична струја што ги загрозува животите на граѓаните. Настанот се случил синоќа околу 22:30 часот.