Најмалку две лица се убиени во инцидент со пукање во Виена синоќа, објавија австриските медиуми.
Се верува дека еден од загинатите е наводниот сторител на убиството во стан во населбата Леополдштат во главниот град, 44-годишен маж кој се обидел да избега од полицијата. 44-годишна жена е пронајдена безживотна во станот каде што се случил инцидентот. 24-годишна жена која е во критична состојба и 26-годишен маж се однесени во болница со сериозни прострелни рани, изјави Кристоф Мирау, портпарол на Виенската здравствена асоцијација, за австрискиот јавен радиодифузен сервис ОРФ.
Според полициските информации до ОРФ, следела улична престрелка меѓу полицијата и напаѓачот, кој се обидел да избега со автомобил. Кратко време подоцна, тој бил пронајден мртов во истото возило недалеку од местото на настанот, изјави портпаролката на полицијата Јулија Шик во интервју за ОРФ.
Таа истакна дека точните околности се уште се нејасни, односот меѓу жртвите и наводниот сторител е предмет на истрага од страна на регионалната полициска управа. Според информациите, двајца малолетни членови на семејството се пронајдени физички неповредени.
фото: архива