Екстремистичката група Исламска држава вчера објави видео снимка со заложници и бара да се ослободат сите сунитски жени од ирачките затвори.

ИД и даде рок од три дена на ирачката Влада да ги исполни барањата, а во спротивно ќе бидат убиени шестте заложници, за кои тврдат дека се полицајци и припадници на милицијата.

Видеото е објавено една недела откако ИД соопшти дека киднапирала 17 полицајци и припадници на ирачките Народни сили за мобилизација, кои воглавно се составени од шиитски групи кои се борат на страната на ирачките безбедносни сили.

Портпаролот на ирачката армија соопшти дека е запознаен со содржината на видео снимката и дека се трага по одговорните од ИД.

– Нема да не уценуваат и ќе ги најдеме каде и да се, изјави бригадниот генерал Јахја Расул.