Украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров и високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас во Брисел разговараа за финансирањето на одбраната на Украина.
-Денеска во Брисел имав важна средба со високата претставничка на ЕУ Каја Калас. Разговаравме за финансирање на одбраната на Украина, напиша Умеров на Фејсбук.
Според него, Европската унија работи на нова иницијатива која ќе овозможи привлекување дополнителни ресурси за снабдување на противвоздушната одбрана со муниција и ракети, како и обука и опремување на украинските војници.
-Ние сме подготвени да создадеме заеднички потфати со водечки одбранбени компании и во Украина и во ЕУ, нагласи Умеров.
Тој им се заблагодари на Калас и на Европската унија за нивната силна позиција и поддршка за Украина.