На блиските на Грег Томас лекарите им кажале да почнат да се подготвува за погреб, бидејќи туморот длабоко го зафатил неговиот врат и главата.

По тие вести, Грег дал отказ и времето го минувал во прошетка со своето куче Макс.

За време на една прошетка, тој наишол на напуштена црква во запуштена област во Монтгомери, Минесота.

Почнал да се моли. Наскоро го обземала идеја за обнова на трошната зграда, а наскоро добил и дозвола да го стори тоа.

На црквата почнал да и го враќа стариот сјај, а секој ден Грег се молел за чудо. Три години подоцна, неговиот рак бил во ремисија.

Грег тоа го смета за чудо и дар од Бога. Размислувал дека неговото дело, некоја работа за Бога, ќе му го врати изгубениот мир. Тоа била неговата единствена молитва. Иако бил истоштен поради туморот и хемотерапија, тој се решил за овој потфат.

Кога завршил со средување на надворешниот изглед на капелата, открил дека ракот се повлекувал.

-Тоа е Исус, тоа е неговиот начин да ми се заблагодарам”, рече Грег, чија приказна е забележана во светот неколку пати.