Итната медицинска помош синоќа пријавила во СВР Куманово дека во автобус на Граничниот премин Табановце на излез од Македонија починал Ф.С.(71) од Унгарија.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Куманово во присуство на сестрата на починатиот и возачот на автобусот, двајцата од Унгарија. Известен е јавен обвинител.