Унгарија вакцинирала поголем дел од своето население од која било друга европска земја, покажуваат податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на заразни болести, но земјата сè уште е меѓу првите во светот по бројот на смртни случаи од Ковид-19.
Според Центарот, 21,6 отсто од луѓето во Унгарија примиле најмалку една доза од вакцина против Ковид-19. Сепак, масовното вакцинирање, кое вклучува и кинески и руски вакцини, не е во состојба да го забави ширењето на пандемијата.
На двонеделна основа, Унгарија има највисока стапка на смртност во светот Ковид-19 по глава на жител, покажуваат податоците на американскиот универзитет Џонс Хопкинс. Од почетокот на пандемијата, од Ковид-19 починале повеќе од 20.000 луѓе во земјата со помалку од 10 милиони жители.
Ова ја става Унгарија на трето место во светот по смртноста од Ковид-19 по глава на жител.