Унгарската агенција за безбедност на храна денеска нареди отстрел на 101.000 кокошки поради појава на птичји грип, објавено е на веб-страницата на Агенцијата.
Отстрел на кокошките е нареден на фарма за производство на јајца во централниот дел на Унгарија, со заштитена зона од 10 километри поставена околу фармата, а меѓународните партнери биле информирани за одлуката, објави Агенцијата.
Во последниве недели, птичји грип се појави на фарми во Германија, Франција, Литванија и други европски земји и се сомнева дека дивите птици ја шират болеста.