Унгарските училишта ќе останат затворени до крајот на мај, а повеќе од 500 настани ќе бидат откажани до 15 август, изјави денеска генералниот секретар на унгарската Влада, Гергел Гуjас.

Засега ограничувањата воведени во Будимпешта, каде се пријавени најголем број пациенти заразени со коронавирус, ќе останат во сила.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орган, вчера истакна дека некои рестриктивни мерки ќе бидат олеснети следната недела, освен во Будимпешта.