УНГАРСКАТА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА: Војната ќе заврши на Крим, каде што и почна

/ 23.08.2023

Унгарската претседателка Каталин Новак изјави на самитот на Кримската платформа дека ја препознава позицијата на Украина дека војната што ја започна Русија ќе заврши само со ослободување на Крим.

Спорниот полуостров е под руска контрола од анексијата во 2014 година.

„Мораме јасно да застанеме на страната на Украина и да ја осудиме неиспровоцираната агресија на Руската Федерација… Не смеат да се доведуваат во прашање суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Украина има право да каже: каде започна војната, во Крим, таа треба да заврши тука – со ослободување на Крим“, рече Новак.

Таа додаде дека Украина, која се брани, има „почит и целосна солидарност на Унгарија“. Инаку, полскиот претседател Анджеј Дуда во својот говор претходно истакна дека зачувувањето на целиот светски поредок зависи од тоа дали Русија ќе може да го задржи Крим по војната.

Во својот говор, литванскиот лидер Гитанас Науседа истакна дека токму од Крим започнала руската агресија врз Украина и дека Крим очигледно ќе биде местото каде што конечно ќе заврши таа инвазија, пишува „Украинска правда“.


Од истата категорија