Унгарската Влада оваа недела ќе донесе одлука за воведување нови ограничувања за спречување на ширењето на коронавирусот, изјави денеска Гергељ Гуљаш, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој не прецизираше кои ќе бидат новите мерки, но рече дека училиштата ќе продолжат да работат.
– Целта е да можеме успешно да се бориме против пандемијата и да ја одржиме функционалноста на земјата, рече Гуљаш за Инфо радио.
Тој додаде дека сегашната состојба бара натамошни чекори од Владата и дека за тоа ќе се разговара на состаноците утре и во среда.
– Имаше многу предлози на маса и сигурно е дека се потребни построги мерки, истакна Гуљаш.