Директорката на Унгарското јавно здравство, Сесилија Мулер денеска изјави дека болниците во земјата се под огромен притисок поради зголемениот број на случаи со Ковид-19, и дека стотици волонтери одлучија да им помогнат на здравствените работници во лекувањето на пациенти.
– Ве молам, сторете се што можете за да се заштитите од инфекцијата и хоспитализација затоа што болниците се под екстремен притисок, нагласи Директорката на Унгарското јавно здравство, Сесилија Мулер.
Таа додаде досега околу 500 волонтери, вклучувајќи студенти по медицина и квалификувани здравствени работници, се приклучиле на болничкиот персонал откако Владата побара помош оваа недела.
На почетокот на овој месец, околу 4.000 медицински работници го напуштија јавниот здравствен систем поради реформите започнати од унгарското јавно здравство ладата на премиерот Виктор Орбан, што дополнително го влоши долгогодишниот недостиг на медицински персонал за време на третиот бран на пандемијата.
Како и поголемиот дел од Централна и Источна Европа, Унгарија успеа да го спречи ширењето на инфекцијата за време на првиот бран на пандемијата во март и април минатата година, со брзо усвојување рестриктивни мерки.
Третиот бран сепак донесе штета оваа година, а Унгарија ја надмина Чешка во највисоката стапка на смртност по глава на жител од коронавирус во светот.
Иако бројот на нови случаи во Чешка и Словачка почна да опаѓа, неделава се пријавени нови случаи во Унгарија и Полска, водени од позаразната британска варијанта на вирусот.
Вкупно 18.952 лица починаа од последици од Ковид-19 во Унгарија, земја со околу 10 милиони жители.