Унгарскиот парламент денеска го усвои првиот од серијата нацрт-закони за борба против корупцијата за да се осигура дека земјата нема да го загуби финансирањето од Европската Унија.
Мнозинството од владејачката партија ФИДЕС одобри измена на кривичниот законик. За предлог-законот гласаа 136 пратеници, седум беа против, а 14 воздржани.
Усвоеното законодавство е дел од обврските што владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан ги презеде пред Европската Комисија за да избегне лишување на Унгарија од милијарди евра финансирање од ЕУ.
Минатиот месец, Европската Комисија препорача замрзнување на 7,5 милијарди евра средства за Унгарија поради недоволните напори за борба против корупцијата.