Во провинцијата Тиграј, северна Етиопија, каде не престанува насилството, околу 2,3 милиони деца немаат пристап до хуманитарната помош, соопшти УНИЦЕФ.
– Помошта за децата во Тиграј мора да биде приоритет, соопшти УНИЦЕФ, додека хуманитарните организации укажуваат дека и покрај договорот со етиописките власти, забранет им е пристап до загрозените подрачја.
Додека етиописките власти тврдат дека презеле контрола, припадниците на Народноослободителниот фронт на Тиграј и понатаму се борат на неколку фронтови. Судирите во Тиграј почнаа на 4 ноември, при што досега загинаа илјадници луѓе, а околу 50.000 избегале во соседен Судан.
Обединети нации бараат безусловно и итно овозможување на трајна достава на хуманитарна помош до сите на кои им е потребна. Но, ниту етиописката Влада ниту бунтовниците не одговорија на апелот.