Според меѓународниот детски фонд УНИЦЕФ, децата во 2018 година не биле доволно заштитени во конфликти.

– Децата кои живеат во конфликтни области низ светот и понатаму се изложени на екстремни нивоа на насилство во текот на изминатите 12 месеци, а светот постојано ги изневерува, вели Мануел Фонтаин од УНИЦЕФ.

-Премногу долго, страните вклучени во судир прават ѕверства и тие минуваат речиси неказнети, и сè ќе биде уште полошо. Мора многу повеќе да се направи за заштита и помош на децата, изјави Фонтаин.

Во областите на конфликт како што се Сирија, Јемен, Конго, Нигерија, Јужен Судан и Мјанмар, секојдневно се случуваат силувања, присилни венчавки и киднапирање деца. Во Авганистан, само во првите шест месеци од 2018 година, околу 5.000 деца беа убиени или осакатени.

Во Центрачноафриканската Република, на две од три деца им е потребна хуманитарна помош. Повеќе од 1.800 деца во Сомалија насилно станаа војници.