Руската армија изврши напад во Херсон при што уништила воени возила БТР-70, објави порталот Прес 24.
Порталот се повикува на објава на „Милитарист“ на Телеграм каде што тврди дека биле уништени голем број возила донирани на Украина од други земји, а меѓу нив и 50 од борбените возила биле донација од Македонија.
Овие возила биле дадени на користење на вооружената група во Херсон.
Како што е веќе објавено, уште пред неколку месеци Македонија и донираше тенкови, авиони и друга воена опрема на Украина.