Трет ден по ред, СДС панично и под дејство на силен уплав (веројатно, и под други супстанци) го клевети новиот држаен јавен обвинител Ненад Савевски, објави Курир.

И доколку претходно беше само дел/пасус од прес-конференции, денеска поради паниката на Заев и Филипче од отворањето на фиоките на нивниот заштитник Коцевски, СДС му посветија цела прес-конференција. Ја оддржа кој друг ако не нивниот генерален секретар кому никој не му го знае ни името. Ќе беше претерано јасно ако Венко ја одржеше. Богданка, пак, била на маникир. Шмрчко на биро, претпоставувате што правел.

Останало, по Савевески да удри анонимниот секретар, кому велат дека секој ден му барале лична карта и партиска книшка и на портирницата на Бихаќка, толку бил неприметлив и непознат…

Еве, што му напишал Башановиќ, а тој мораше да прочита:

„Новиот јавен обвинител, Савески, откако е дојден на функцијата,  работи по нарачка на Христијан Мицкоски“, нагласи остроумно анонимниот генерален секретар на СДСМ, кој по навика од работата на нивниот ментор кој го „распупи“ правосудниот систем, некаде видел или сонил дека премиерот вршел некаков си  „сериозен упад во независноста на правосудниот систем и работата на обвинителството, поставувајќи луѓе блиски до власта“. Од каде на каде Савевски близок до власта, не знае ни самиот, но тоа не го спречи да завреска:

„Како што и претпоставувавме, Мицкоски и овој пат лаже, кога вели дека не го познава и дека биографијата била пресудна. Изгледа дека нашите сомнежи ќе се покажат како реални. Мицкоски на телевизија разрешува обвинител, поставува свои советници за судии, сопруги на партиски функционери, не спроведува реформи. Потоа, од говорница му задава задачи на обвинителот“, свика измеќарот на Венко.

Следуваше Жерновски, екс амбасадор и заменик-министер за надворешни кој не знае што значи НАТО. Тој пак удри по Орбан, со погрд вокабулар од унгарските опозиционери Маѓар и неговата Тиса. Иако, кога би знаеле колкави малери се СДС, веруваме дека Тиса топло би ги замолила да не ги бранат. Вака, останува да се смеееме на резултатите од скорашнте избори во Унгарија…

Нити анонимниот секретар, нити ликот кој нема поим што значи НАТО не кажаа каде им е вистинскиот, црпнат лидер и чуму половина година го нема во Македонија.

Навистина, каде е Заев?

Извор: Курир