Јужноафриканскиот суд за рамноправност го ограничи поставувањето на старото знаме од периодот на апартхејдот, наведувајќи дека нелегалното користење на знамето претставува говор на омраза и расна дискриминација.
Судијата Финеас Моџапело изјави дека пресудата не значи целосна забрана, истакнувајќи дека употребата на знамето е заштитена со закон со цел да се користи во уметнички, академски, новинарски или други цели за кои се смета дека се од јавен интерес.
Знамето во портокалова-бела-сина боја, што се применуваше во системот на расна дискриминација познат како апартхејд, е заменето со ново знаме од 1994 година, кога земјата стана демократија.
Фондацијата „Нелсон Мандела“ побара од судот да пресуди дека старото знаме претставува говор на омраза и расна дискриминација