УПОЗ, синдикатот кој ја застапува државната администрација, претпладнево излезе со реакција дека од март ниту еден вработен од овој сектор нема да добие усогласување со минималната плата, која од март ќе се зголеми од 20.000 на 22.500 денари.
Соопштението следува откако вчера Владата на седница усвои измени на Законот за административни службеници.
-Без учество и консултуација со Синдикатот на УПОЗ, направени се измени и дополнувања на Законот за административни службеници кои вчера беа усвоени на седница на Влада.
Минималната плата веќе не е дел од основната плата, ова значи дека ниту еден вработен во месец март нема да добие усогласување со растот на минималната плата.
Законот е полн со одредби кои го ограничуваат колективното договарање со што ја минимилазираат улогата на Синдикатот и социјалниот дијалог, реагираат од УПОЗ.
Синидкатот дополнува дека неговите одбори, поради тоа, ќе подготват нови предлози и измени на овој Закон и на Законот за вработените во јавниот сектор.