Ураганот Доријан ослабе и сега е бура од втора категорија која продолжува да беснее на Бахамите.
Американскиот Национален центар за урагани соопшти дека Доријан денеска носи ветер од 175 километри на час.
Меѓутоа, се очекува дека ќе остане силен и во наредните неколку денови.
Доријан се наоѓа околу 70 километри северно од Фрипорт на Бахамите и се движи северозападно околу четири километри на час.