Повеќе од 2,7 милиони луѓе на Флорида се без електрична енергија по силниот удар на ураганот Иан. Невремето се уште продолжува да беснее во оваа американска држава, но сега веќе на пониско ниво, како тропска бура, иако националниот центар за урагани, предупреди дека наредниот ден повторно може да прерасне во ураган.
Се предвидуваат нови поројни дождови, силни ветришта и поплави додека Иан продолжи кон Џорџија и Северна и Јужна Каролина.
Американскиот претседател Џо Бајден оцени дека ураганот Иан најверојатно ќе биде најсмртоносниот ураган во историјата на Флорида, додавајќи дека првичните информации сугерираат дека ужасното невреме предизвикало и значителна загуба на човечки животи, иако точните податоци се уште не се достапни.
Засега е потврдено дека страотнио ураган усмртил еден 74 годишен маж.