Силно невреме со ветар и пороен дожд ја зафатија Србија, а особено Белград, каде паѓал и град, јавуваат српските медиуми.

На социјалните мрежи беа објавени неколку снимки на кои се гледаат поплавени улици, ошетени автомобили и паднати дрвја.

Покрај Нови Сад и Белград каде во попладневните часови врнеше пороен дожд проследен со силен ветар кој корнел дрвја и создал метеж на улиците, на удар се и планините.

Ураганското невреме ги погоди Златибор и Копаоник. Познатите туристички места под удар на невремето добија зимски амбиент.

Копаоник се најде под бела покривка од градот што паѓаше, а дел од туристите се огласија на социјалните мрежи споделувајќи фотографии од побелениот амбиент со забележка дека не знаат дали се на летување или на зимување.


Од истата категорија