Дрон се урна во близина на селото Губастово во областа Коломна во Московската област, но нема закана за безбедноста на локалното население, изјави денеска гувернерот на Московската област Андреј Воробјов.
– Очигледно целта бил цивилен инфраструктурен објект, кој не бил погоден. Нема жртви, ниту материјал причинета е штета, а Федералната служба за безбедност и другите надлежни органи го истражуваат инцидентот, пренесе ТАСС објава на Воробјов на каналот Телеграм.
Како што е наведено, нема ризик по безбедноста на локалното население.
Украинските власти засега без коментар за инцидентот.
Претходно денеска летовите на аеродромот во Санкт Петербург беа прекинати на околу еден час, кога непознат летечки објект беше забележан во близина.
Голем број летови до Санкт Петербург беа пренасочени назад кон нивните појдовни точки, според веб-страницата за следење летови Флај радар.
Најмалку пет авиони на линијата од Москва до Санкт Петербург биле вратени назад во Москва, откако претходно кружеле, пренесе Гардијан.