Турските власти вчера ја урнале историската грчка православна црква во регионот на Бурса, во северозападна Турција, која подолго време била напуштена, пишува greekreporter.
Грчката православна црква „Георгиос“, попозната како „Аја Софија“ во Бурса, е уништена поради безбедносна закана седум години откако Генералниот директорат за верски фондации ја презел зградата од општината Нилуфер, во Бурса, се нав наведува на интернет страницата за вести „Дувар“.
Општината ја презеде историската структура во 2006 година, обновувајќи ја локацијата и повторно отворајќи ја како Културен дом Озлуце.
Но, дирекцијата во 2013 година поднесе тужба за стекнување сопственост врз црквата, а објектот оттогаш е напуштен.
Зградата беше наречена „Аја Софија“ од Бурса поради нејзината употреба во минатото и како црква и како џамија, наведува порталот „Дувар“.
Градоначалникот Нилуфер Тургаи Ердем кажува дека општината потрошила околу два милиони турски лири за реновирање на зградата.
-Ние го сторивме нашиот дел за да го предадеме културното наследство на идните генерации. Фондациите, меѓутоа, ја оставија зградата да скапе. Седум години никој не кажа дека полага право врз оваа структура, рече тој, додавајќи дека структурата станала опасна поради пукнатини и можност од уривање.