Спасувачките служби досега пронајдоа 28 тела на загинати при поплавите предизвикани во понеделникот по уривањето на брана во провинцијата Атапу во југоисточен Лаос, соопштија денеска лаоските власти.

Во соопштението се посочува дека вкупно 131 лице се водат како исчезнати и се стравува дека најголемиот број од нив се загинати.

Надојдената водата поплави шест села, при што се уништени или оштетени домовите на околу 6.000 лица.

Акцијата за помош на настраданите и потргата по исчезнатите е отежната од поројните монсунски дождови.

Причината за уривањето на браната, што се наоѓа во близина на тромеѓето на границите на Лаос, Виетнам и Камбоџа, засега официјално не се соопштени, но се претпоставува дека конструкцијата попуштила под притисокот на насобраното големо количество вода во вештачката акумилција, како последица на поројните дождови..

Локални жители за западни медиуми изјавија дека не биле на време информира за опасност од попуштање на браната, иако неколку дена претходно на неа биле воочени оштетувања.