Кристијан Хол ја сподели на Твитер својата голема возбуда поради направата за средување на облека која ја купил на Интернет и со тоа стана хит на социјалните мрежи.
– Кога ја купував оваа направа, немав идеја колку радост ќе ми донесе. Никогаш не сум се забавувал во животот со секојдневни и здодевни активности како што е диплење на маици, ова е најзабавната работа која некогаш сум ја купил – напишал овој Австралиец.
Видеото собра околу 9 и пол милиони прегледи и 7.500.000 лајкови, а многумина се воодушевени од реакцијата на овој човек.