Европската унија ќе се обиде да го минимизира влијанието на нејзиниот трговски конфликт со Соединетите Американски Држави врз Норвешка, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Осло.
„Ќе останеме во многу близок контакт со цел да ги минимизираме ефектите од нашите дејствија едни врз други“, рече Фон дер Лејен на заедничката прес-конференција со норвешкиот премиер Јонас Гар Стерео.
Две третини од извозот на Норвешка оди во ЕУ, вклучително и големи количини нафта и гас. Норвешка рече „не“ за членството во ЕУ на референдумите во 1972 и 1994 година, но, заедно со Исланд и Лихтенштајн, учествува на заедничкиот пазар на Европската унија според договорот за Европската економска област (ЕЕА).
Стравувањата од глобална ескалација се зголемуваат откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе огромни царини за речиси сите американски увозни производи.
Царините за стоки од ЕУ изнесуваат 20 отсто, додека за стоките од Норвешка се 16 отсто.